Лидерите од коалицијата „Вреди” на средба со Курти
Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди”, Арбен Таравари и лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити имале средба во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти.
– По големите, величествени собири со албанската дијаспора, дојдовме во Приштина поканети од премиерот на Косово Албин Курти. Неговата поддршка за нашата коалиција на овие избори е безрезервна, не само од него, туку и од секој пратеник, министер, па дури и последниот активист на Движењето „Самопределување”, напиша Таравари во објава на Фејсбук.
На средбата присуствувал и Беким Ќоку од косовското „Самоопределување“.
Таравари во објавата на „Фејсбук“ посочува дека промената што била направена на Косово со премиерот Курти е евидентна и ја чувствуваат граѓаните на Косово, а промена мора да се направи и во Северна Македонија.
– Затоа што, навистина, Албанецот од Северна Македонија заслужува да живее, подостоинствен живот, заслужува да биде достоинствено претставен, а оваа промена ќе ја овозможи Коалицијата ВЛЕН, наведува Таравари.