Левица изведе исламска молитва пред Владата, ИВЗ го нарече гестот примитивизам
Исламската верска заедница ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели која во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник од Левица за Шуто Оризари, Тефик Махмут, ја изведе пред Владата.
„Исламската верска заедница на Република Северна Македонија најостро ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели. Вчера пред Владата бевме сведоци на политички митинг, каде што беа злоупотребени исламските верски обреди – исмејување на езанот и намазот за политичка цел.Остануваме со надеж дека таквите примитивни дејствија – со злоупотреба на религијата, нема да се повторат во иднина“, се наведува во реакцијата на ИВЗ.