Левица: Измислуваат функции за демографија, а не гласаат закони за подобрување

На денешната седница на собранието, владејачкото мнозинство предвидено од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за предлог-законот на Левица со кој беше предложено дуплирање на подордилното отсуство. На тоа реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска на својот фејсбук профил.
„Влада која има измислено функција за национален координатор за демографија – не гласаше за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци! Иако, истиов закон за зголемување на породилното отсуство го има поднесено ДПМНЕ во 2017 година, за сега истиот предлог да не го гласа. Само еден фрапантен податок е доволен за демографската катастрофа која и’ се случува на Македонија:
– во 1994 година се регистрирани 31.421 живородени деца;
– во 2023 година бројот се симнал на најниски 16.737 деца.
И не, не е крив системот. Криви се ваквите народни избраници кои егзистираат и профитираат од аномалиите на системот” – напиша таа.