Лени Кравиц ја прими наградата „Модна икона“  од американските дизајнери


САД– Поп-ѕвездата Лени Кравиц  синоќа на гала свечаност во „Каза Кипријани“ во Њујорк ја прими наградата „Модна икона“ што ја доделува Советот на американските дизајнери на чело со Том Форд . Наградата ја прими облечен во брендот  LaQuan Smith – носеше хибриден горен дел кој беше комбинација помеѓу скроена јакна и елек со пердуви. Кравиц го спои ансамблот со класични црни кожени панталони.

Има неколку модерни аватари во музичката индустрија достојни на луксузниот бренд, Кравиц е секако меѓу нив. Најголемиот заводник во Холивуд и на 60 години носи припиени фармерки како никој друг меѓу музичарите. 

Наградите CFDA им оддаваат чест на врвните дизајнери и фигури во американската модна индустрија. Домаќин на годинешните награди, одржани во Њујорк, беше Наташа Лион.