Лекот на Мерк против Ковид-19 е помалку ефикасен во новите студии


Фармацевтската компанија Мерк во петокот ги објави резултатите од новата студија која покажа дека нејзиниот експериментален лек против Ковид-19 е помалку ефикасен во намалувањето на хоспитализирањата и смртните случаи во споредба со претходните резултати.
Врз основа на 1.400 пациенти, ефективноста падна на 30 отсто од претходните 50 отсто според студијата на 775 пациенти чии резултати беа објавени во октомври.

Очекувањата од лекот на Мерк „молнупиравир“ и слични таблети развиени од Pfizer, се големи бидејќи тие можат да се земаат во рана фаза на болеста и во домашни услови.

Податоците за лекот на Фајзер, врз основа на 1.200 испитаници, покажале дека ризикот од хоспитализација и смрт е намален за 89 отсто.

Мерк, врз основа на привремените податоци, аплицираше за одобрување на 11 октомври за „молнупиравир“ во Соединетите Држави.