Лекарите во Полска отстраниле циста на јајниците тешка сто килограми
Лекари во Полска отстраниле циста на јајници тешка 100 килограми од пациентка, објави Универзитетската клиничка болница во југоисточниот полски град Жешов.
„Жената на возраст од 24 години, имаше шуплина исполнета со течност на јајниците, соопштија од клиниката. Дијаметарот на туморот беше околу еден метар“, изјави д-р Ана Богачик од Одделот за гинекологија.
Пациентката тежела 182 килограми
Кога се пријавила во болница пред една недела, пациентката висока 158 сантиметри тежела 182 килограми. Прегледот бил исклучително тежок бидејќи пациентката не можело да биде сместена во КТ скенерот, велат лекарите.
„Како медицински тим, генерално знаевме што се случува“, рече Томаш Клуз, шеф на гинекологија. За време на операцијата, лекарите извадиле околу сто литри течност, а потоа ја отстраниле цистата.
Тие не нашле никакви патолошки промени во карлицата или стомакот. Пациентката рекла дека претходно не се осмелила да оди во болница бидејќи се плашела.