Легендарната венчаница на принцезата Дајана изложена во палатата Кенсингтон


Англија – Светот може повторно да ја види венчаницата на принцезата Дајана во реалниот живот.

Легендарниот фустан, кој Дајана го носеше кога се омажи за принцот Чарлс во 1981 година, официјално е изложен во палатата Кенсингтон, како дел од нејзината последна изложба „”Royal Style in the Making “. Иако презентацијата не беше отворена за јавноста до утре, 3 јуни, фотографии се веќе објавени, давајќи им на потенцијалните посетители неверојатен прв поглед.

Дајана и Чарлс формално се разведоа во 1996 година, но нејзината венчаница останува една од најсаканите венчаници во модерната историја. Препознатлива поради својот раскошен дизајн, фустанот од тафта во боја на слонова коска е познат по своето чедно деколте, јака со карнери и волуминозните ракави. Шлепот останува еден од најдолгите  досега во кралската историја.

Покрај венчаницата на Дајана,  и други легендарни парчиња од британската кралска историја ќе бидат достапни за јавноста.

„Нашата летна изложба во палатата Кенсингтон ќе светне во центарот на вниманието на некои од најголемите таленти на британскиот дизајн, чија работа беше клучна во обликувањето на визуелниот идентитет на кралското семејство низ дваесеттиот век“, изјави кураторот на изложбата на Кралските палати Метју Стори за „Пипл“.

Венчаницата на Дајана беше позајмен во палатата Кенсингтон од синовите на покојната принцеза, принцот Вилијам и принцот Хари. Изложбата е во пресрет на 60-ти роденден на Дајана на 1 јули, кој ќе биде одбележан следниот месец со откривање на нејзин споменик на територијата на палатата. (Опра магазин)