Леди Гага и Тони Бенет со своја верзија на класикот „ Get a Kick Out of You“ (видео)

САД- Леди Гага и Тони Бенет објавија студиско видео за нивната верзија на класикот на Кол Портер „I Get a Kick Out of You“.
Песната е една од неколкуте кавери на композиторот од Бродвеј што ќе се појави на Love for Sale, цела колекција од песни на Портер во изведба на Гага и Бенет. Дуото го објави албумот претходно оваа недела на 3 август, на 95 -ти роденден на Бенет, и ќе излезе на 1октомври преку Колумбија/Интерскоп. Се снимаше две години. Love for Sale го означува вториот албум од Леди Гага и Тони Бенет по Cheek to Cheek од 2014 година.
Love for Sale исто така, ќе биде последната студиска снимка на Бенет, бидејќи во февруари, семејството на пејачот објави дека тој се бори со Алцхајмерова болест од 2016 година. Музиката, наводно, е главен дел од здравствениот режим на Бенет, и тој продолжил да снима по дијагнозата до пандемијата „Ковид-19“. Бенет и Гага, исто така, започнаа да ја снимаат „Love for Sale“ откако пејачот ја доби својата дијагноза, започна сесии на „Електрик Лејди“ во Њујорк во 2018 година и го заврши албумот во 2020 година.
Претходно оваа недела, Бенет ги имаше последните два настапи во живо со Леди Гага во њујоршката „Рејдио сити“ музичка сала во чест на неговиот 95 -ти роденден.Речиси целосно беа распродадени двете вечери насловени „За последен пат: Тони Бенет и Леди Гага“. (Ролингстоун)