Леа Сејду позитивна на Ковид- 19, ќе оди ли во Кан?


Леа Сејду во Кан, 2019

Франција-  Леа Сејду, една од најпознатите француски актери, може да го пропушти Канскиот филмски фестивал откако беше позитивна на Ковид-19.

Сејду е целосно вакцинирана, но се покажа позитивна додека работеше на филм, потврди вчера нејзината публицистка Кристин Трипикио . Таа е асимптоматска и изолирана дома во Париз, надевајќи се дека негативните тестови последователни денови можат да и овозможат да присуствува на фестивалот на југот на Франција.

Сејду беше планирана како една од главните ѕвезди на Кан годинава. Таа глуми во четири филмови на фестивалот, вклучувајќи три кои се борат за главната награда „Златна палма“ – чест што ја сподели во победата со „Blue Is the Warmest Color”во 2013 година.

Во Кан, Сејду глуми во “The French Dispatch;” на Вес Андерсон,  во  „Deception”, во „France” и во „The Story of My Wife.”

Според правилата на филмскиот фестивал, еден од најголемите во филмската индустрија,  потребен е доказ за целосна вакцинација или негативен тест во рок од 48 часа за влез во фестивалскиот центар. Потребни се маски во кината.

Кан исто така тестира околу 4.000 луѓе дневно. Уметнички директор на фестивалот, Фремо, рече вчера дека има нула позитивни тестови во петокот. (АП)