Лажни линкови за донација се шират на социјалните мрежи, по трагичната несреќа во Кочани

Лажни линкови за донација се појавуваат на социјалните мрежи преку кои се бара помош за лекување или за семејствата на починатите, јави телевизија Стар.
Од СВР Штип предупредуваат на внимателност и детална проверка од страна на граѓаните бидејќи во овој момент таква активност нема, пренесува телевизијата.
Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги изгубија своите најблиски во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а уште над 150 се во исчекување за судбината на повредените, од кои некои и со тешки изгореници, и кои се сместени во болниците во државата.