Лара, Јован и Ирина со „Животот е пред мене“ на Јуниорскиот Евросонг во Ереван (видео)
Готов е видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг.
Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа, на евровизиската сцена ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.
Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.
Во 20 часот во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ, вечерва ќе биде промовирана песната со која Македонија ќе настапи на Детски Евросонг.