Лансиран сателит кој заеднички го развија Кина и Франција (видео)


Сателит развиен од Кина и Франција, најмоќниот досега за истражување на најоддалечените ѕвездени експлозии, денеска беше лансиран во орбитата, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Сателит за истражување на феномени како што се прснувањата на гама зраци беше пренесен во вселената со кинеска ракета лансирана од центарот Ксичанг во југозападната провинција Сечуан, пренесува CCTV.

Прв сателит заеднички развиен од Кина и Франција
Лансирањето ќе игра важна улога во астрономските истражувања, според Националната вселенска агенција на Кина. Тоа е првиот астрономски сателит заеднички развиен од Кина и Франција, иако тие претходно развија океанографски сателит што беше лансиран во 2018 година.

 

Напредокот на Кина во вселенското истражување брзо ги надминува САД, притоа привлекувајќи партнери од европските и азиските земји, пишува агенцијата Ројтерс.

Претходно во јуни, кинеската мисија на Месечината Chang’e-6 испорача товар од Европската вселенска агенција, како и материјали од пакистански, француски и италијански истражувачки институти, до темната страна на Земјиниот сателит.

Кина исто така соработува со Бразил, Египет и Тајланд во развојот на сателити.