Лабораторијата на Тесла во САД ќе стане музеј


Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Никола Тесла, што се наоѓа на Лонг Ајленд (САД), е на чекор до нејзино претворање во Музеј Тесла, изјави директорот на лабораторијата, Марк Алеси.

Оџакот од црвена тула, тежок повеќе од два тона, пред 112 години бил дизајниран од архитектот Стенфорд Вајт. Тој периодов беше обновен и реставриран.

– Реконструкцијата на оџакот беше голем предизвик. Тоа доведе до неочекувано откритие поврзано со тунелите на Тесла, на кои стручњаците се уште работат. Со поставување на круната на оџакот, беше направен многу важен чекор за зачувување на лабораторијата и работата на Тесла, рече Алеси.

Според него, целта е да се зачува објектот кој пред компанијата АГФА да го купи, бил преторен во депонија. Идејата за Музеј Тесла е на стрип-уметникот Метју Инман.