Курц се замеша и во изборите во Бугарија


Австрискиот канцелар Себастијан Курц им посака на ГЕРБ и на водачот на партијата Бојко Борисов успех и
широка поддршка на претстојните избори на 11 јули. Преку видео порака тој им се обрати на гласачите во
Бугарија и посака земјата наскоро да има стабилно управување.

„Австрискиот канцелар Себастијан Курц, освен колега е и мој пријател. Ти благодарам за
поддршката Себастијан! Одиме на победа! “, напиша Борисов на Фејсбук споделувајќна она што го споделувајќи го видеото.

Претходно,Борисов и партијата добија желби за успех на изборите и од генералниот секретар на Европската народна партија Антонио Лопез.Во видео обраќање тој изрази силна недоверба во постапките на привремената влада – мешање во изборниот процес, доцнење во планот за вакцинација, сомнежи во спроведувањето на
Планот за обнова. Тој објасни дека владата го потсетила на режимот пред 30 години, пред падот на
Берлинскиот ѕид.

„Ве уверувам дека вистинскиот глас, гласот на десноцентристичката Европска партија, какви што се
ГЕРБ и УДФ, се гласот на иднината “, додаде Лопез.