„Купче мртви роботи“: Студот во САД создаде „гробишта на електрични автомобили“ (видео)
Силен студен бран зафати дел од САД, па температурата во областа Чикаго деновиве е и до -34 степени.
Ова е проблем за електричните автомобили, односно нивното полнење. Како што изјави еден возач на „тесла“ за CBS, она што вообичаено трае 45 минути траеше два часа. Како што овој медиум ја карактеризира ситуацијата, од автомобилот остана само „купица мртви роботи“.
„Ако чекате ред за полнење и имате досег од 80 км, нема да успеете на време“, изјави возач на Tesla Model 3 за The New York Times.
Од ова не се погодени само „тесла“ возилата, туку и останатите електрични автомобили.
Работите отидоа дотаму што станиците за полнење практично се претворија во „автомобилски гробишта“, бидејќи возилата не можеа да се преместуваат, па во некои случаи мораа и да се влечат.
Работата е во тоа што хемиските реакции внатре во батериите се забавуваат на ниски температури, па колку побрзо се испразнуваат, толку е потешко да се полнат.