Куќичка од бајките на дрво кај Плитвице
Осум километри од Плитвичките езера се наоѓа ресорт, кој во својата понуда има и ноќевање на единствена куќичка која се наоѓа во крошна надрво.
Комплексот има различни единици за сместување, а погледот од куќичката на дрво е незаменлив особено во зима.
Цената за ноќевање на Booking се двиќи од 275 до 472 евра за резервација без поврат на средствата во случај на откажување
Куќичката на дрво нуди „глампинг“ чувство и поинакво искуство.
Посетителите на „Booking“ се задоволни, што се гледа од нивните коментари, каде велат дека одморот во овој комплект носи прекрасно искуство, поврзување со природата и бегство од стварноста.
Особено пријатно е во куќичката на дрво кога низ големиот стаклен прозорец кој се протега дури до покривот, гледате како паѓа снег.