Кружи видео од британскиот „Милионер“: Прашање за ракија за 125.000 фунти
Последниве денови на социјалните мрежи беше споделено прашањето што го доби учесник на британската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“, а иако се работи за видео од претходните сезони, повторно стана популарно.
Имено, на Твитер повторно беше споделен клип од прашањето „Кое овошје е главната состојка на сливовица?“, а меѓу понудените одговори се и цреша, кајсија, портокал и слива.
Натпреварувачот не го знаел одговорот на прашањето и решил да употреби џокер „повикај пријател“.
Pitanje za 125 000 funti!
🤣🤣🤣
Ali zato mama zna 😜 pic.twitter.com/0svO8KAb5f— Vukov ponosni tata (@100leBgd) December 5, 2023
„Ти треба пријател кој навистина пие“, му рекол водителот, а тој одговорил дека ќе ѝ се јави на мама – на што сите во студиото се изнасмеале.
„Решено“, одговори водителот.
Мајката одговорила „како од ведро небо“ дека тоа е слива и потврдила дека е апсолутно сигурна во својот избор.
„Те сакам мамо“, рече натпреварувачот, на што публиката повторно се насмеа.
На крајот реши да ја послуша мајка си, што беше добра одлука и за тоа доби 125.000 фунти.