Крушево „победи во конкуренцијата Најновогодишен град“
Крушево, слободно може да се каже дека е најдобро украсен град во пресрет на новогодишните и Божиќните празници. Не дека Крива Паланка заостанува, ама крушевчани имаат и снег, под нозете крцкав, а на околните елки и борови им надвиснале гранките одбелата тежина. Нив и природата ги сака.
Магични фотографии од атмосферата на плоштадот во Крушево пред три дена споделија тамошните културни институции и велат дека ова е дело на ентузијасти кои несебична помош на општината успеаја Крушево да го направат мала новогодишна бајка.

Елката можеби не им е голема, ама е на место и свети; Дедо Мраз можеби не е дебел, ама е раскошен, видете чудо – нема пчели, туку пригодни пингвини и светкави еленчиња;
Децата… децата се посебна приказна! Зимски затутулени во дебели пантолони, јакни, со топло капче, шалче и ракавички му ги шепотат новогодишните желби на Дедо Мраз.
Магијата ја надополнуваат група деца со фенерчиња во рацете.
По крајот се нуди топло чајче и колачиња. А ако погледнете нагоре – над вас ѕвездено небо! Се слушаат пригодни новогодишни песни…
Чиста убавина!
Погледнете во продолжение: