Крстот на Попова Шапка е на црковно земјиште, не му треба градежна дозвола


На црковно место најприродно е да биде поставен крст. Крстот на Попова Шапка е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат – изјави за „Слободен печат“ претставник на Црковниот одбор на манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка по низата реакции за поставениот 15-метарски крст во дворот на манастирот.

 

Тој бара преку поставениот крст да не се собираат политички поени во пресрет на изборите. Истиот не треба да се поистоветува со никаква етничка припадност оти тој е симбол на сите христијани.