Кривата кула во Пиза се исправи за четири сантиметри


Кривата кула во Пиза е меѓу најпопуларните туристички атракции на светот, а многу инженери и историчари се загрижени поради неговото навалување. Сепак, неодамнешните истражувања покажа дека кулата успеа да се исправи за четири сантиметри.

Ова се случи благодарение на проектот за стабилизација, кој почна да се спроведува во 2001 година. Спомнатото истражување го финансираше организацијата за зачувување на спомениците Опера Примациале дела Пизана.

Сепак, нагибот е намален, тој и понатаму се придвижува за отприлика 0,55 мм годишно, наведе професорот за геотехника од Универзитетот во Пиза.

„Сепак, најважна е стабилноста на кулата, а таа е подобро од што се очекуваше“, додава тој за АНСА.

Оваа кула, симболот на моќта на поморската република Пиза во средниот век, успеа да „преживее“ најмалку четири силни земјотреси, кои го погоди регионот во 1280 година.

Резултатите од истражувањето од 2018 година покажаа дека мекоста на тлото ја заштитила кулата од потресите. Нејзината конструкција почнала во 1173 година, а завршена е дури во 1319 година, поради битките кои се воделе меѓу Пиза и Џенова, како и пристаништата Лука и Фиренца.