Кристина Еплгејт не може да оди без бастун и се здебели 40 килограми откако се разболе од мултиплекс склероза


 

САД–  Кристина Еплгејт вели дека снимањето на третата и последна сезона на Dead to Me по нејзината дијагноза за мултиплекс склероза е најтешката работа што таа некогаш ја направила.

На 50-годишната актерка позната и по Married With Children и Anchorman ѝ беше дијагностицирана болест на централниот нервен систем, кој го прекинува протокот на информации во мозокот, како и помеѓу мозокот и телото, додека се продуцираше на финалната сезона на серијата на Нетфликс во летото 2021 година. Серијата зема пауза од пет месеци за да може да започне со лекување. Таа во новото интервју за Њујорк Тајмс изјави дека за враќањето и продолжувањето до крај и било многу тешко.

„Имав обврска“ да го завршам раскажувањето на приказната, што и донесе две номинации за Еми, рече Еплгејт. „Реков: „Ќе го направиме тоа, но ќе го направиме тоа по мои услови’“.

Кога се вратила на сетот на мрачната комедија, нејзината подвижност се намалила. Нејзе ѝ требаше инвалидска количка за да стигне на сетот. Таа имаше проблем да се движи до нејзината приколка. Нејзиното тело попушташе додека снимаше, особено на жештината. Техничар за звук мораше да и ги држи нозете, надвор од опсегот на камерата, за да сними. Таа повеќе не можеше да снима кадри на кои се гледа како влегува во соба бидејќи не можеше да го направи тоа без помош. 

По завршувањето на последната сезона на Нетфликс на 17 ноември, Еплгејт рече: „Ова е прв пат некој да ме види таква каква што сум. Знајте, дека јас сум многу свесна за сето тоа“.

Еплгејт, мајка на едно дете, не е сигурна дека некогаш ќе ја гледа последната сезона, велејќи дека е премногу болна. Но, таа сакаше да го заврши за нејзината колешка Линда Карделини, која стана блиска пријателка и ја презеде улогата на застапник на сетот, како и креаторката на серијата Лиз Фелдман.