Кристина Еплгејт на 49 години заболе од мултипла склероза

САД– На американската актерка, добитничка на Еми, Кристина Еплгејт (49), ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза (МС) и ја опиша нејзината состојба како „тежок пат“.
“Пред неколку месеци ми беше дијагностициран МС. Тоа беше чудно патување. Но,добив голема поддршка од луѓе кои исто така ја имаат оваа состојба. Тоа беше тежок пат. Но, како што сите знаеме, патот продолжува “, рече таа денес на Твитер.
Мултипла склероза (МС) е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, инфламаторна и дегенеративна болест . Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ‘рбетниот мозок и оптичките нерви, предивикувајќи инфламација и последователна дегенерација, кое води до прекин на невротрансмисијата.
Се смета за хомогена болест, но нејзиниот тек и симптоми варираат, вклучувајќи мускулна слабост, замор, потешкотии со видот, и со тек на време води до траен инвалидитет.
Еплгејт освои Еми како гостин- актерка во хумористична серија „Пријатели“ во 2003 година. Таа беше номинирана во истата категорија за истото шоу во 2004 година. Таа беше номинирана и за улогата хумористична серија за „Samantha Who ” во 2008 и 2009 година.
Во 2019 и 2020 година, Еплгејт повторно беше номинирана во категоријата главна актерка за „Dead to Me“.
Еплгејт, која првпат се прослави како детска актерка во хит ситкомот „Married With Children“, во 2008 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка и имаше двојна мастектомија.(Ројтерс)