Крис Кристоферсон се пензионира по пет децении кариера како врвен музичар и актер
САД – Пејачот, добитник на награди Греми, актерот и текстописец Крис Кристоферсон (84) најави пензионирање по пет децении плодна кариера .

Всушност, Кристоферсон се пензионирал минатата година, а неговиот син Џон се вклучил за да го надгледува бизнисот на неговиот татко, вклучително и специјални проекти и неговата издавачка куќа КК Рекордс. Со неговиот имот ќе управува Морис Хигам Менаџмент, кој исто така управува со клиенти вклучувајќи ги Кени Чесни, Барбара и Луиз Мандрел и имотот на Роџер Милер.

Кристоферсон, донесе интроспективни и поетски стихови во кантри музиката со песни како “Sunday Mornin’ Comin’ Down” и “Me and Bobby McGee” и беше член на супергрупата „ Highwaymen “ во која членуваа и Вили Нелсон и Џони Кеш. Тој глумеше во 70 филмови во Холивуд и освои „Златен глобус“ за неговата изведба во „ A Star is Born.”

Тој беше примен во Холот на славните во Кантри музика и беше награден со наградата Џони Мерсер од Холот на славните текстописци. Тој исто така доби награда за животно дело од Академијата за снимање.

Кристоферсон овој јуни ќе го прослави својот 85-ти роденден со неколку специјални проекти. (АП)