Кревкото примирје во Газа пред пропаѓање


 

Израелските сили и палестинската исламистичка група Хамас се подготвуваат да ги продолжат борбите во Појасот Газа, според медиумските извештаи.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) изработија планови за започнување воени операции во Газа во март, изјавија за „Тајмс оф Израел“ неименуван израелски функционер и арапски дипломат.

Крвко примирје во Појасот Газа е во сила од 10 октомври, откако Израел и Хамас се согласија на план од 20 точки поддржан од Вашингтон за прекин на повеќе од двегодишните борби.

Неименуваниот дипломат рече дека операцијата нема да продолжи без поддршка од САД, кои се залагаат за втора фаза од примирјето, во која Хамас би го положил оружјето и би распоредил меѓународни сили за стабилизација.

Израелскиот план би се фокусирал на градот Газа, со цел поместување на таканаречената Жолта линија, која претставува нова поделба на територијата во Појасот Газа.

Според „Волстрит џорнал“, Хамас исто така се подготвува да ги продолжи борбите.

Групата започна со обнова на некои од своите оштетени подземни тунели, објави весникот, повикувајќи се на неименувани арапски и израелски функционери. Хамас, исто така, има нови средства за плаќање на своите борци и регрутирање нови.

Израелски претставници за американскиот весник изјавија дека Израел е подготвен да даде повеќе време за спроведување на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак, друг претставник беше цитиран како вели дека одлуката за новите воени планови зависи од политичкото раководство на Израел. И покрај прекинот на огнот, израелската војска продолжува да извршува напади, тврдејќи дека целта е раководството на Хамас во Газа. За примирјето во средата телефонски разговараа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху у американскиот државен секретар Марко Рубио.