Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица


Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица.

Се бара дали министерот Бектеши бил инволвиран во издавањето на лиценцата. Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се приведени поранешниот државен секретар на министерството Размена Чекиќ Дуровиќ и раководител на сектор од Министерството за економија.

– Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата. Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и со коруција. За разлика од претходно, сега имаат име и презиме тие кои се вклучени во нелегалното издавање на лицени и ќе одговараат – рече Тошковски и додаде дека се истражуваат две фалсификувани лиценци, издадени во 2024 година.