Кремљ вели дека „дворецот на Путин“ бил на претприемачи, но не сака да каже кои
Кремљ има проблем како да ги амортизира тврдењата дека големиот дворец на брегот на Црното Море не е на Владимир Путин, а при тоа да не каже чиј е. Особено по протестите во саботатата во цела Русија за ослободување на Алексеј Навални на кои беа приведени над 3.000 лица.
Еден ден откако самиот Путин ги негираше тврдењата во шокантното видео на Навални, кое досега е прегледано 91 милион пати, во одбраната на претседателот се вклучи и неговиот протпарол Дмитриј Песков.
На прашањето на „Комерсант“ – ако Путин вели дека дворецот што вреди 1,3 милијарди не е негов, тогаш дали Кремљ може да каже кои се сопствениците, Песков одговори: „Јасно е дека сопственици на објектот се претприемачи. Навистина, ова е голем објект. И еден или повеќе директно или индиректно го поседуваат објектот. Но Кремљ нема право да ги открие имињата на овие сопственици. Ние нема да го направиме ова… тоа ќе биде некоректно“.
Песков ги упатува новинарите до институциите да ги дознаат имињата на сопствениците, а од институциите секогаш има молк. Песков уште одговори дека нема информации далу Путин барем еднаш бил во оваа палата.
Грандизониот објект е изграден во комплексот кој е 39 пати поголем од Монако.
