Кражба во живо на ТВ во Италија (видео)


Градоначалникот на градот Вентимиља, северозападна Италија, близу границата со Франција, беше „опљачкан“ во директен пренос на телевизија.

На видеото, коешто веднаш стана хит на интернет, новинарка го прашува Гаетано Скулино – кој е одговорен за редот и безбедноста во градот, но во мигот, тој, градоначалникот не ја слуша и гледа во спротивна насока. Сè тоа се случи во центарот на градот, пред неговите и очите на телевизиските гледачи.

 

Крадецот го украл палтото на градоначалникот што тој го беше оставил на клупа на растојание од 2-3 метри од него. Инаку, се работи за свечен костим со којшто политичарот се беше упатил на прослава.

По шокот, градоначалникот некако, си ја врати присебноста, одговори на прашањето за безбедноста, па на шега ја замоли ТВ-екипата да му ја надомести загубата.