Кралското семејство се врати на „Ројал Аскот“: Уникатна ревија на откачени шапки


Англија– Кралското семејство и британската елита се вратија на „Ројал Аскот“ по паузата заради пандемијата на коронавирус. На славните коњски трки во Англија повеќе се зборува за модата отколку за спортските резултати. „Ројал Аскот“ е еден од најгламурозните настани во Велика Британија каде што жените имаат можност да носат неверојатни креации на шапки.

Војвотката од Корнвол и сопругата на Едвард Софи, грофицата од Весекс

Секоја година на овој традиционален настан можат да се забележат откачени и уникатни модели кои ги отсликуваат последните трендови. Според правилата на самиот настан, секоја дама мора да носи шапка, па затоа тие се трудат да носат што поинтересно уметничко дело на својата глава.

Принцезата Ана

Оваа година, за прв пат во историјата на гала- настанот, на мажите им е дозволено да носат морнарски тегет костуми (наместо традиционални сиви или црни) покрај „разиграните“ вратоврски и елеците.

На трките секогаш присуствуваат дамите од кралското семејство. Трите деца на кралицата Елизабета – принцот Чарлс, принцезата Ана и принцот Едвард – како и сопругата на Чарлс, Камила, војвотката од Корнвол и сопругата на Едвард Софи, грофицата од Весекс присуствуваа на првиот ден од годишниот настан завчера, а се вратија повторно и вчера!