Кралската двојка на Јордан во Белата куќа: Ранија и Џил отмени во црвена и во бела боја
САД– Џо и Џил Бајден ја нагостија во Белата куќа кралската двојка од Јордан- кралот Абдула и кралицата Ранија.
Ранија, една од најелегантните жени во светот , избра црвен фустан стегнат во струкот со широк ремен и сиви салонки, додека првата дама на САД избра бел фустан со сако и бели салонки со цветен дезен.
„Посетата на неговото височество ќе го потенцира трајното и стратешко партнерство меѓу Соединетите држави и Јордан, клучен безбедносен партнер и сојузник на Соединетите држави. Двајцата државници ќе бидат во можност да разговараат за многуте предизвици со кои се соочува Блискиот исток и да се прикаже лидерската улога на Јордан во промовирање на мирот и стабилноста во регионот, се вели во соопштението на Белата куќа.
Кралот Абдула имаше работен појадок со потпретседателката Камала Харис и се сретна со државниот секретар Ентони Блинкен.
Абдула , 59, и кралицата Ранија, 50, претходно ја посетија Белата куќа во 2017 и 2018 година за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп.
Во 2016 година, „Пипл“ја именува кралицата Ранија за една од 25 жени кои го менуваат светот, пишувајќи: „Кралицата на Јордан Ранија е лидер на жени во арапскиот свет и пошироко и е шампион на бегалците, особено на оние кои бегаат од соседна Сирија. Јордан ги презеде во повеќе од 1,4 милиони луѓе за време на граѓанската војна “. Јорданската владарка секогаш е на врвот на уште една листа-онаа модната со својата елеганција и беспрекорен стил на облекување.