Кралицата Камила ги откажа своите должности оваа недела поради инфекција на белите дробови


Лондон – Британската кралица Камила ги откажа ангажманите оваа недела по совет на лекар поради инфекција на белите дробови, соопшти денеска Бакингемската палата.

Портпаролот на палатата рече дека лекарите на Камила „советувале краток период на одмор“ и додаде дека „со големо жалење“ таа се повлече од своите должности оваа недела, објави Скај њуз.

„Таа им се извинува на сите оние кои би можеле да бидат вознемирени или разочарани поради ова“, соопшти палатата.