Крај на една славна ера на Менхетен : Се продава апартманот на Глорија Вандербилт, наследничка и модна икона (фото+ видео)


САД- Славниот новинар на „Си-Ен-Ен“, добитник на 18 награди Еми, Андерсон Купер (54) го стави на продажба луксузниот апартман на неговата почината мајка, наследничката и модна икона Глорија Вандербилт во Њујорк.

Апартманот кој наликува на музеј има три спални соби, две и пол бањи и е лоциран во Мидтаун Ист на Менхетен за 1,125 милиони долари. 

Натопен во природна светлина,апартманот има ексцентрични детали како живописно насликан ходник, розови лакирани прозорци и трпезарија со огледални sидови.

Домот доаѓа комплетно со библиотека, кујна за јадење и еден камин на дрва.

Апартманот на Вандербилт изгледа во голема мера исто како кога била жива и полна со богатствата што ги собирала низ годините.

Апартманот, изграден во 1931 година, доаѓа со вратар и фитнес центар во зградата.

Апартманот, исто така, има поглед на Ист Ривер, кој е во близина на зградата,како и рестораните, продавниците и другите значајни атракции на Менхетен.

Вандербилт  во 2018 година дозволи новинарска прошетка за Њујорк магазин , откривајќи ги инспирациите зад естетиката на нејзиниот дом.

„Она што ми е убаво можеби не е убаво за некој друг, или она што некој друг го прави не е она што јас го сакам“, рече таа тогаш.Но, јас секогаш знам дека една работа води до друга и го знам правецот по кој одам “.

Наследничката живеела во станот скоро 25 години, сѐ до нејзината смрт во 2019 година. Таа почина на 95 -годишна возраст, откако претходно истиот месец и беше дијагностициран „многу напреден рак во стомакот“.

Таткото на Купер претходно почина на 50-годишна возраст, за време на операција на отворено срце, кога славниот новинар имаше само 10 години. Неговиот брат Картер се самоуби на 23 -годишна возраст во 1988 година.

Купер изјави за „Пипл“ минатиот јуни дека смртта на неговата мајка го поттикнала да стане татко на 15-месечниот син Вајат Морган со помош на сурогат мајка.

„Беше многу осамено чувство што навистина не го очекував“, рече тој тогаш. „Ме натера да размислувам:„ Па, во ред, ова дефинитивно треба да биде “.

 

„Таа беше воодушевена“, рекол Купер кога ѝ ја кажал веста на својата мајка. Ѝ реков можеби две недели пред да почине. Кога почна да се разболува, тоа беше многу брзо. [Вајат] беше само идеја во мојата глава и желба – но си помислив:” Ова е време да и кажам. “

Глорија Вандербилт, манекенка уште од 14 години, а потоа и модна икона, беше предмет на жесток спор за старателство на 10-годишна возраст, поради кој ја нарекуваа „кутрата богата девојка” која „очајно копнеела” по љубов и семејство, рече Купер на настан во нејзина чест по нејзината смрт.

Таа имала четири брака позади себе, најпрво била во брак со холивудскиот агент Пат ДиКико, кога имала 17 години, а потоа и со Леополд Стоковски, кога таа имала 21 година, а тој имал 63 години. Бракот траеше една деценија, а потоа се венча со нејзиниот трет сопруг, холивудскиот режисер Сидни Ламет. Таткото на Купер, Вајат Купер, беше нејзиниот последен сопруг.