Ковид-19: Зошто производството на вакцината е толку комплицирано?
Одржлива вакцинација е клучна за ставање крај на пандемијата. На пазарот веќе има неколку различни вакцини, но патот до нивно масовно производство е долг и послан со трње
Кога се обелодени дека германска компанија е една од првите во светот која развила вакцина против болеста Ковид-19 предизвикана од корона вирусот, имаше големо олеснување – и одредена мера на патриотска гордост; Бионтек е компанија со седиште во Мајнц.
Но, гордоста и олеснувањето брзо се помешаа со скепса оти уште при издавањето одобрение за вакцината се отворија многу прашања: кој ќе биде прв на ред за вакцина? Кој ќе биде редоследот понатаму и пред сѐ: дали воопшто правовремено ќе има доволно вакцини на располагање?
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука