Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања и пред 27 ноември


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, изјави денес дека возилото со кое била киднапирана четиринаестгодишната Вања Ѓорчевска било регистрирано во системот на камери „Безбеден Град“ неколку пати пред 27 ноември годинава, кога и се случи убиството на девојчето.  

„Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот? Конечно, дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај Александар Палас и Злокуќани и како е можно да тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ“, вели Ковачки во видео изјава објавена од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.