Ковачевски: Клучно предизборно прашање е кој има и кој нема план за иднината
„Тоа е клучното прашање на овие избори. Кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ а кој е проив ЕУ? Тоа е изборот пред граѓаните. Надеж за подобра европска иднина со СДСМ, соСтево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова. Тоа е јасно како ден“, рече Ковачевски.
„Ние покажавме храброст и државнички капацитет. Тие покажаа кукавичлук и неодоговорност кон најважаното – иднината на државата. Ние носевме одлуки за подобро утре за сите наши граѓани – тие блокираа. Иако беше многу тешко, успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, успеавме да испреговараме рамка во која имаме заштитен македонски јазик, идентитет и култура“, посочи Ковачевски.

„Работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И како вистински социјалдемократи никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на повеќе кризи со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но јас знам дека се уште е тешко. Но колку и да е тешко, ние имаме волја да работиме. Колку и да е тешко сепак постои начин, постои вистинска шанса за драстична и стуштинска промена“, беше дециден Ковачевски.
„Ние веќе покажавме дека кога ќе ветиме зголемување на платите и на пензиите, тоа и го правиме. Но потребна ни е европскиот стандард на живот за да им овозможиме на нашите деца и внуци да ги живеат своите соништа тука, во Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски возврати со оценката дека секогаш кога имаме влада од СДСМ има директен удар врз македонскиот идентитет,па затоа мора да се потсетуваме да не се заборави тоа.