Ковачев: Петков сака главните прашања да ги смете „под тепих“


Европратеникот Андреј Ковачев (ГЕРБ) ја коментираше посетата на бугарскиот премиер Кирил  Петков на Скопје со оценка дека главните прашања новата влада сака да ги стави под тепих.  

„Сѐ што во моментов се зборува дека ќе се надградува или за што ќе се прави работна група е за сите други аспекти, но не и за главните. Се обидуваме да ги изметиме основите под тепих.

Главната работа е што ‘розов слон’ во просторијата е дискриминацијата на граѓаните кои отворено ја декларираат својата етничка припадност и потекло, како и неподготвеноста за историско помирување засновано на објективно читање на историјата, како што е предвидено во Договорот од 2017 година. Ова дефинитивно не е прашање само на историчарите, бидејќи е директно поврзано со дискриминација. Кога младите европски генерации кои живеат во сегашната Република Северна Македонија добиваат образование како што се сега нивните  учебници, тоа доведува до омраза кон соседот. Сите манипулирани и фалсификувани податоци кои се пренесуваат на помладите генерации водат до нашиот главен проблем – дискриминацијата на луѓето во моментов.

Во никој случај ова не е академски спор меѓу археолозите или професорите по историја кои дебатираат кој крал бил чиј. Другата страна се обидува да им претстави на колегите  во ЕУ и во САД дека се работи за апстрактен академски спор“, коментира Ковачев.