Коронавирусот можеби никогаш нема да замине, но ќе стане безопасен

Што доколку Ковид-19 никогаш не си замине? Експертите велат дека е веројатно оти некои видови на болеста ќе останат со години. Но како ќе изгледаат во иднина е помалку јасно
Дали коронавирусот на крајот ќе биде елиминиран преку кампања за глобална вакцинација, како сипаниците? Дали вакцините ќе бидат ефикасни против новите, опасни мутации? Или вирусот ќе остане со нас уште долго, но трансформиран во лесна непријатност, како вообичаената настинка?
На крајот, вирусот САРС-КоВ-2 ќе стане уште еден од многуте слични заразни болести со кои човештвото научи да живее, прогнозира д-р Џејкоб Џон кој ги студира вирусите и беше на чело на напорите во Индија за искоренување на полио и ХИВ/СИДА.
Но, никој не е сигурен. Вирусот брзо се менува, а нови варијанти се појавуваат на различни страни на светот. Колку повеќе се шири вирусот, велат експертите, толку е поверојатно дека некоја нова варијанта ќе може да ги заобиколи актуелните тестови, третмани и вакцини.
Во моментов, научниците се согласни околу главниот приоритет: Да се вакцинираат што повеќе луѓе што побрзо.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука