Короната демне и во супермаркетите, примероци од жив вирус пронајдени во замрзнувач, една храна особено опасна!


Досега се сметаше дека вирусот не може да преживее во овие услови, но преживеа!

Кинескиот центар за контрола и превенција на болести објави дека на амбалажата замрзната храна се пронајдени живи примероци од вирусот корона!

Досега се веруваше дека вирусот корона не може да преживее од смрзнување, а сега се пронајдени живи примероци на пакувањето на замрзната храна во град што е ново жариште!

Примероците беа пронајдени на пакувањето на замрзната риба во градот Чингдао, што е ново жариште на вирусот корона.

Жив примерок од вирусот е пронајден на пакет замрзнат бакалар, а голем број нови случаи во тој град се поврзани со работници кои истоваруваат и пакуваат замрзната риба.

Научниците се загрижени дека е можно короната да „патува“ подалеку отколку што се сметаше доколку преживее на замрзната храна.

Тие нагласуваат дека самата храна не е заразена, но вирусот стигнува до пакувањето од заразените лица, но фактот дека преживува на пакувањето е длабоко загрижувачки.

И во Велика Британија има неколку случаи на „кластери“ во фабриките за замрзната храна, особено во крајбрежните градови каде што често се пакува риба. „Дејли меил“ пишува дека не е можно со сигурност да се утврди дали проблемот е во самата храна, или хигиенските услови и мерките за превенција што се спроведуваат во фабриките и местата каде што се пакува риба.