Конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад
SALAR International во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира конститутивна седница и официјално формирање на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) кој, како што наведува, е суштински чекор во воспоставувањето целосно координиран регионален систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот Регион.
На настанот ќе се обратат Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Златко Перински, министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС, и Лена Фалкон, програмски директор во SALAR International.
-По поздравните обраќања е предвидено свечено потпишување на договорот за воспоставување на МОУО од страна на присутните градоначалници на Новаци, Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Пласница, Струга, Крушево, Могила, Кривогаштани, Вевчани, Демир Хисар, Македонски Брод и Долнени, соопшти SALAR International.