Концертот на „Леб и сол“ на Антички во Охрид презакажан за 6 август


Поради најава за екстремни временски услови, концертот на култните „Леб и сол“ во Антички театар од 21 часот , е презакажан за во недела 6 август.

Новиот термин на концертот е заради најавата за екстремно лоши временски услови проследени со дожд, ветер и грмотевици.

Бендот по балканската турнеја, ќе се претстави со најдоброто од нивните безвременски репертоар. 

Претседателот Стево Пендаровски, на свечена церемонија, на 26 јуки  ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. 

 

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.