Концерт на Жељко Бебек во Филхармонија на 18 април


„Aко некому прилега преданието и зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Жељко Бебек. Квалитетен како порано, а актуелен и денес. Mожеме да кажеме дека во 6 студиски албуми, Бебек ги испеа најубавите и најголемите песни на Бијело Дугме.. а денес, како соло артист, полни арени низ регионот пеејќи ги тие песни, како и нови песни од својата соло кариера.
Задоволство ни е да ви го најавиме неговиот концерт на 18ти април, веднаш по велигденските празници, кој за да ги опфати сите големи песни, ќе трае 2 и пол часа“, велат од „Авалон продукција“.
Влезниците се пуштени во продажба по следниве цени и категории:
Партер – 1.200 денари
ВИП – 1.500 денари