Концептен облакодер ротира во насока на ветрот и ствара електрична енергија
Дубаи веројатно ќе добие футуристички облакодер благодарение на концептот кој го креираше турскиот архитект Хајри Атак заедно со своите колеги. Тоа е облакодер кој може да се врти додека дува ветар.
Концептот е наречен Squall Tower и неодамна е претставен преку интернет на социјалните мрежи. Дизајнот е инспириран од ветротурбините, а за разлика од стандардните облакодери кои ѝ пркосат на силата на ветрот, овој ќе го користи за вртење.
Облакодерот се состои од три сегменти дизајнирани полека да се вртат прти одредена брзина. Сегментите се вртат околу централна осовина, а ги поврзуваат бројни тунели.
За една ротација потребни се 48 часа со или без ветар, а како и другите ротирачки ресторани, зградата би можела на посетителите да им овозможи комплетен поглед на Дубаи.
Облакодерот може да се врти и без ветар и во тој процес би стварал еектрична енегрија. Исто така, би имал и хелиодром на врвот.
Кога и дали воошто ќе почне изградбата засега не е познато.