„Комсомолска правда“ објави дека загинале 9.861 руски војници


 

„Комсомолска правда“, московски таблоид тесно поврзан со Кремљ, објави, цитирајќи го руското Министерство за одбрана, дека во инвазијата на Украина биле убиени 9.861 руски војници, а 16.153 ранети.

Сепак, добро упатените набљудувачи на руската медиумска сцена ја доведуваат во прашање оваа информација, бидејќи не е објавена во ниту едно официјално соопштение на Министерството за одбрана, па шпекулираат со три сценарија: или некој ја хакирал страницата на таблоидот, или некој по грешка објавил нешто што не требало, без оглед дали е вистина или не, или има нов случај на непослушност во редакцијата, сличен на оној кога новинарката на државната телевизија неодамна влета во студиото со антивоен транспарент.

Дека ваквата шпекулација е основана сведочи и фактот што веднаш по ширењето на информацијата за објавените податоци, „Комсомолска правда“ го избришала комплетниот пасус во кој се споменува, како што истакна уредникот на независниот руски портал „Медуза“.