Компанијата зад најпознатите кукли бележи историски резултати: „Не сме виделе ништо слично“

Кинеската компанија за играчки „Поп Март“, која стои зад исклучително популарните кукли „Лабубу“, објави дека нејзината добивка нагло се зголемила во првите шест месеци од оваа година.
Компанијата со седиште во Пекинг изјави дека профитот се зголемил за 350 проценти и дека приходите се зголемиле повеќе од трипати.
„Поп Март“, која има пазарна вредност од повеќе од 40 милијарди долари, исто така рече дека профитабилноста е зголемена од зголемената глобална препознатливост на брендот и контролата на трошоците.
Иако куклите „Лабубу“ беа лансирани на пазарот во 2019 година, тие доживеаа вистинска пазарна ренесанса оваа година. Бројни колекционери, деца, како и возрасни, се опседнати со куклите „Лабубу“, а доказ за ова е фактот дека речиси 40 проценти од вкупните приходи на компанијата во 2024 година дошле од продажба надвор од Кина.
Многу продавници низ целиот свет мораа да ја паузираат продажбата на куклите „Лабубу“ поради огромната побарувачка.
Партнерствата на „Поп Март“ со големи имиња како што се „Кока-Кола“ и франшизата за манга „Уан Пис“, исто така, го зголемија моменталниот статус на куклите „Лабубу“.
Во јуни, продажбата на „Лабубу“ во САД се зголеми за 5.000 проценти во споредба со претходната година.
„Не сме виделе ништо вакво со други компании“, изјави аналитичарот Винчи Жанг за Би-би-си“.
Популарноста на „Лабубу“ исто така поттикна пораст на фалсификати, честопати нарекувани „кукли „Лафуфу“.
Кинеските власти запленија повеќе од 46.000 лажни играчки „Лабубу“ во јуни, како дел од акцијата против растечкиот црн пазар на кукли.