Колумбија побара извинување и го протера израелскиот амбасадор
Спорот настана по реакцијата на Петро на изјавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во која тој најави „целосна опсада“ на Газа во борбата против „животните“. Колумбискиот претседател изјави дека со такви зборови „нацистите зборувале за Евреите“. Пишувајќи на Твитер, Петро, меѓу другото, додаде дека „демократските нации не можат да дозволат повторно воспоставување на нацизмот во меѓународната политика“.Тој рече дека формулацијата на Галант претставува „говор на омраза“ кој, доколку се дозволи да продолжи, „само ќе донесе холокауст“.
Израелскиот амбасадор Гали Даган го критикуваше колумбискиот претседател за неговите „антисемитски“ изјави и „поддршка на терористите“ кои го нападнаа Израел.Набрзо следеше реакцијата на министерот за надворешни работи на Колумбија, Алваро Лејва, кој рече дека израелскиот амбасадор „во најмала рака мора да се извини и да си замине“.