Колку торнадата се закана за Европа?


May 20, 2019 - Mangum, Oklahoma, U.S. - An EF-2 tornado begins to rope out on the outskirts of Mangum. Multiple tornadoes touched down and heavy rain flooded areas across Oklahoma. (Credit Image: ?? Brett Conner/ZUMA Wire)

Чешка синоќа беше погодена од разорно торнадо и неколку градови и села беа срамнети со земја. Досега е потврдена смртта на најмалку пет лица, а повредени се околу 200 лица, од кои 60 се сместени во болниците.

Вестите за разорните торнада кои оставаат пустош обично доаѓаат од Америка, па многумина на социјалните мрежи се прашуваат колку се чести во Европа.

Според најавувачот на Би-Би-Си, Бен Рич, торнадото не е реткост во Европа како што може да изгледа. Се проценува дека неколку стотици се појавуваат годишно низ целиот континент. Сепак, точните проценки варираат, бидејќи некои се појавуваат во ретко населени области, па никој не ги ни пријавува.
Торнада се пријавени на сите континенти на Земјата, освен на Антарктикот, иако тие се теоретски можни и на тој леден континент.

Но, повеќето торнада се случуваат во САД, во просек повеќе од 1.000 годишно. Таа земја ги пријавува и најразорните пијавици во светот.

Имено, близината на топлиот и влажен Мексикански Залив во комбинација со планинскиот предел создава совршени услови за создавање на „суперкелиски бури“, а токму од таквите бури се појавуваат торнада.