Колку минути дневно е доволно да се движите: Веројатно многу помалку од што мислите
Ново истражување, објавено во британски магазин за здравје, утврди дека научницте порано грешеле кога проценувале колку физичка активност дневно всушност е доволна за добро здравје.
Ова го откриле случајно, затоа што самите учесници во студијата главно погрешно ги следеле своите активности.
Со малку поинаков пристап, истражуваќите во Норвешка ја базираа својата студија на сапишување резултати од уредите за следење на активностите, кои мерат различни здравствени параметри кај учесниците.
Така дошле до заклучокт, дека оние кои вежбаат 35 минути дневно, имаат значително подобри резултати од оние кои тоа не го прават.
Од друга страна, дури и кај оние учесници кои имале само 11 минути физички активности во текот на денот (умерено вежбање слично на брзо одење), виделе позитивни ефекти, пренесе СИ-ен-ен.
Навистина, 11 минути секој од нас моѓе да се натера да вежба или да излезе надвор и малку само да го забрза темпото на одење. Така што, доколку сте се грижеле што немате голема кондиција – нема ни потреба за тоа.