Колку е пониска телесната температура, толку е подолг животот! Откријте која е идеална


Иако досега се сметаше дека идеалната телесна температура е 36,6 степени Целзиусови, најновото истражување на научниците покажа дека тоа воопшто не е така.

Покрај тоа, оваа температура може да укаже на многу здравствени состојби – од физички заболувања до тешкотии со менталното здравје кои на крајот може да резултираат со пократок животен век.

Нашиот организам е многу сложен систем, а за да функционира правилно треба да постои синергија меѓу сите негови елементи. „Непреченото“ функционирање на телото го попречуваат бројни фактори – од стрес, преку нередовна и неправилна исхрана, до физички и психички болести, а еден од начините на кои телото ни кажува дека нешто не е баш во ред е зголемувањето на температурата.

Нов тренд

Долги години се веруваше дека „нормалната“ телесна температура е 36,6 степени Целзиусови. Сепак, на почетокот на 20 век, беше откриено дека температурата на телото на луѓето постепено се намалува од година во година. Овој тренд научниците го објаснуваат со помал број на воспалителни процеси благодарение на почестата употреба на антибиотици и поздравиот начин на живот. Според денешните стандарди, температурата на телото е идеална ако само малку надминува 35 степени Целзиусови.

Сепак, покачената температура не е предизвикана само од воспалителни процеси во телото или некои физички болести, туку и проблеми со менталното здравје, поточно депресија, открија научниците од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско, а објави рускиот портал Аргументи и Факти.

Пониска температура, подолг животен век

– Тоа значи дека депресијата не е само во главата, туку на неа треба да се гледа како на системско заболување придружено со воспалителен процес – објаснува биологот Џорџ Мејсон Анча Баранов.

Врз основа на овие наоди, научниците дошле до многу јасен заклучок, имено дека должината на животот е тесно поврзана со температурата на телото: колку е пониска, толку подолго ќе живее човекот.

Се поставува прашањето:

„И што да се прави за трајно да се олади телото до оптимални вредности? Се разбира, не постои единствен одговор кој одговара на сите, но постојат упатства кои можат да бидат корисни.

Регулирањето на исхраната би можело да биде првиот чекор во борбата против покачената телесна температура, а како резултат на оваа промена ќе се подобри и менталното здравје. Авторите на калифорниското истражување советуваат да се оди во сауни и парни бањи, па дури и подолги бањи со топла вода. На овој начин, организмот ги „вклучува“ механизмите за ладење кои ја намалуваат телесната температура прво привремено, а во комбинација со здрав начин на живот – трајно.