Колкави се разликите меѓу вакцините против корона?


Има ли разлики меѓу различните вакцини против коронавирусот? Како функционира логистиката за вакцинирање? Колку бргу луѓето може да се вакцинираат? Овде сe одговорите на најважните прашања

Две вакцини против коронавирусот во моментов се актуелни во ЕУ и САД – вакцината на Бионтек и Фајзер и вакцината на Модерна. Непосредно пред добивање дозвола се и други фармацевтски компании. Еве одговори на некои од најважните прашања.

Која е разликата помеѓу двете, во моментов, најважни вакцини?

Двете вакцини се т.н. мРНА (мРНК) вакцини. Тие во човечките клетки размножуваат одделни протеини, кои се типични за вирусот. Телото на тоа реагира со создавање имунолошка одбрана. Најважна разлика помеѓу вакцините: онаа на Модерна може да се чува до 30 дена во нормален фрижидер за домаќинства. Значи, не мора да се чува на -70 степени Целзиусови како вакцината на Бионтек и Фајзер.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука