Кој ќе пее на Греми 2021?
САД-Поп-ѕвездата Бијонсе има најмногу – девет номинации за доделувањето на Греми наградите 2021 на 14 март. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите .
Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста.
Американката Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната награда – Албум на годината – заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Колиер, Блек Пума и „алтернативната ар-ен-би“ пејачка Џене Аико.

Бијонсе е присутна во номинациите, главно поради песната „Black Parade“, која ја слави црнечката култура и активизмот, а беше пуштена за време на минатогодишните протести против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците. „Black Parade“ ќе се натпреварува за песна и за спот на годината, заедно со „Don’t Start Now“ на Дуа Липа.
Албумот на Тејлор Свифт – „Folklore“ е номиниран за албум на годината, а нејзината „Cardigan“ – за песна на годината.
Во категоријата Најдобар нов изведувач се најдоа раперите Меган Ди Сталион и Доџа Кет, како и алтернативната уметница Фиби Бриџерс.
Денес, CBS и Академијата за снимање објавија кој ќе настапи на Греми , и покрај постојаната пандемија , тоа е прилично долг список со неколку прилично големи имиња: Блек Пумас, Карди Б, БТС, Бренди Карлиле, ДаБаби, Доџа Кет, Били Ејлиш, Мики Гајтон, Хаим, Бретани Хауард, Миранда Ламберт, Лил Бејби, Дуа Липа, Крис Мартин, Џон Мајер, Меган Теј Пастув, Марен Морис, Пост Мелоун , Роди Рич, Хари Стајлс и Тејлор Свифт.
Церемонијата ќе вклучува пред-снимени сегменти и настапи во живо распространети во четири одделни фази со одделна публика во Центарот за конвенции во Лос Анџелес. Продуцентот на Греми, Бен Винстон вели дека ова ќе создаде „повозбудливо шоу“ каде „изведувачите и номинираните се публика едни на други“ .
Греми шоуто ќе претстави сегменти снимени во театарот „Аполо“ во Њујорк, „Нешвил станис ин“ и во „Трубадур“ во Лос Анџелес каде ќе бидат доделени некои од наградите. (според агенциите)