Кој ќе пее на Евросонг во Торино-избрани 6 композиции со (не)познати изведувачи

Песните со позвучни автори од изведувачи ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето


Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за Песна на Евровизија 2022.

Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна на Евровизија 2022, стручната комисија на МРТ во состав: Мери Попова – Уредник на КУП МТВ 1, Зоран Мирчевски – Одговрен уредник на МР 2, Биљана Николовска – музички уредник МР 1, Александра Јовановска – новинар МР 2, Јана Бурческа – новинар МТВ 3, Маја Трпчановска – новинар МТВ 1, Ардита Имери – новинар МТВ 2, на 17 и 18 јануари ги преслуша пристигнатите композиции на Конкурсот кој МРТ го објави на 10.12.2021 година со траење до 16.01.2022 година.

Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Калина Велковска – Кaly, Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“, автор на музика: Давор Јордановски, Автор на текст: Весна Малинова, Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ,

2. Изведувач: Јон Ајдини – Yon Idy, Наслов на композиција: „DREAMS”, Автор на музика и текст: Yon Idy, Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy,

3. Изведувач: Лара Иванова, Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”, Автор на музика: Роберт Билбилов, Автор на текст: Робин Зимбаков, Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров,

4. Изведувач: Виктор Апостоловски, Наслов на композиција: „SUPERMAN“, Автор на музика: Владимир Дојчиновски, Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски, Аранжман: Владимир Дојчиновски,

5. Изведувач: Андреа Коевска – Аndrea, Наслов на композиција: „CIRCLES”, Автор на музика: Александар Масевски, Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска, Аранжман: Александар Масевски,

6. Изведувач: Борис Цветановски – Ris Flower, Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN”, автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower, Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower, Аранжман: Мустафа Џанбазлар.

Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформата за гласање на јавноста. Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

Jавните радиодифузери од 41 земја ќе учествуваат на Изборот за песна на Евровизија кога најголемиот светски музички настан во живо ќе се одржи во Торино во мај.
66-тиот натпревар, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи, ќе се одржи во Пале Олимпико во Торино на 10, 12 и 14 мај 2022 година.
Сите 39 радиодифузери учесници од 2021 година се враќаат годинава. Ним ќе им се придружат RTCG од Црна Гора и ерменскиот национален радиодифузер ARMTV кои последен пат се натпреваруваа во 2019 година, кога исто така учествуваа 41 земја.

Од 41 нација што ќе учествуваат, 36 ќе се натпреваруваат во две полуфиналиња со по 10 песни од секое полуфинале, придружувајќи се на 4 од големите 5 (Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство) и домаќинот Италија во големото финале.
Италија го доби правото на настанот следната година кога Манескин и ја донесе првата победа на нивната земја од 1990 година со песната „Zitti e Buoni“ на ланскиот натпревар во мај во Ротердам.
Раи ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија по трет пат, откако претходно го организираше настанот во Неапол во 1965 година и Рим во 1991 година.